Штипјанката Благица Зикова од Штип вчера на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Бременоста на родилката ја следела докторката Елена Ели Николовска, која го извршила и породувањето.

Бебињата на брачниот пар Благица и Александар Зикови се родени во 31-недела од бременоста и се во добра здравствена состојба.

Оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.

Пред 21 година, на 3 март 2002 година се роди првата петорка во Македонија. на ГАК се породи Лилјана Илиевска од селото Вевчани, која донесе на свет три ќерки и два сина. За жал, едното женско бебе починало, а Марта, Бисера, Бојана и Марко ја добиле битката. Породувањето тогаш го извршил проф. д-р Јован Тофовски, со асистенција на д-р Видео Димиторв и инструментарката Весна Радинска. Кумови на децата биле тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.