Гадење, осип на кожата, главоболки, замор се само дел од симптомите кои покажуваат дека вашето тело е полно со токсини, велат експертите.

1. Несоница

Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсините во телото. Доколку имате проблеми со спиењето треба да го проверите црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на тој орган.

Пробајте пијалоци направени од брокула, карфиол и сличен зеленчук кои го чистат црниот дроб. Црниот дроб обично ги неутрализира токсините, затоа внесете
во исхраната што е можно повеќе намирници богати со сулфур, а лукот е најдобар за тоа.

2. Летаргија

Ако се будите уморни и летаргични, a уморот ве следи во текот на денот, треба да размислите за детоксикација.

Нема да го решите проблемот ако недостатокот на енергија го надоместувате со кофеин. Напротив, само ќе ја влошите состојбата. Јадете многу житарки бидејќи се богати со витамини од групата Б, кои влијаат на менталните функции како концентрацијата и меморијата.

3. Главоболки

Хроничните главоболки, исто така, може да укажуваат на прекумерна количина на токсини во телото.

Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболки и мигрена. За време на процесот на детоксикација, главоболките може прво да се влошат, но штом токсините ќе се исфрлат од телото, тие треба веднаш да исчезнат.

4. Проблеми со кожата

Доколку забележите осип или мозолчиња на вашата кожа, време е за детоксикација. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со организмот бидејќи се што не е во ред се исфрла на неговата површина.

5. Жолт или бел јазик

Јазикот е важен индикатор за откривање на количината на отров во телото.

Храната која содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз што го опфаќа јазикот. Ако површината на јазикот е видливо бела или има жолт слој, дигестивниот тракт се бори против токсините.

6. Масно ткиво на стомакот

Токсините кои ги внесувате преку храната и пијалоците, но и токсините кои ги вдишувате, помагаат во акумулацијата на масно ткиво на абдоменот. Тие можат да се отстранат само со детоксикација.

7. Жештина

Еден од природните начини на кои телото ги исфрла токсините е преку потењето. Кога има премногу отров во телото, тоа ќе се „прегрее“ обидувајќи се да ги исфрли со потење, поради што постојано може да се чувствувате жешко, дури и кога надвор е ладно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.