Околу 100-тина прегледи дневно има на детското одделение од општата болница Куманово, информираат надежните од јавната здравствена установа.
На одделението, хоспитализирани се дваесет дечиња, а во дневната болница има 15-тина деца.
Заболените се деца на училишна и предучилишна возраст. Се разболуваат и помали кои се инфицираат од братчињата, сестричиња. Најчесто доаѓаат со висока температура до 40 која трае од четири до пет дена. Горнореспираторни инфекции се во прашање, проследени со кашлица, црвено грло, зголемена секреција од нос. Класичен сезонски грип, изјави началничката на детското одделение од болницата, д-р Ферихан Бајрами.
Децата со висока температура се третираат интравенски со соодветна терапија. Лабораториските и микробиолошките анализи покажуваат дека циркулираат сезонски вирусни респираторни инфекции, аденовируси, инфлуенција А и инфлуенција Б.
Сега почна распустот, очекуваме намалување на бројот на заболени. Важно е да се проветрува просторијата, контактите да се сведат на минимум, да се консумира храна богата со витамини, препорачува д-р Бајрами.
Таа појаснува дека малите деца, пред сè, оние под три години имаат неразвиен имунолошки систем.
– За време на пандемијата имаше намалени контакти и сега постковид полека се враќаме во нормала и се зголемуваат контактите и се буди имунитетот кај децата, појаснува Бајрами.
Одделението е добро екипирано и можат да се справат со зголемен број заболени деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.