Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со германската амбасадорка Анке Холштајн, на која посебно и се заблагодарил за нејзиниот личен ангажман и поддршката од Германија за здравствениот сектор од почетокот на ковид кризата.
Продолжува поддршката од германската Амбасада во справување со ковид кризата и останатите здравствените предизвици. Во рамки на програмата мали проекти за помош, на Клиниката за инфективни болести, КАРИЛ и Клиниката за неврохирургија е обезбедена медицинска опрема, како и лична заштитна опрема за здравствените работници во вредност од 2,5 милиони денари. Исто така со поддршка од германската Амбасада беа обезбедени 72 илјади брзи антигенски тестови, а целиот изминат период директно беа вклучени со техничка помош во активностите со цел успешно справување со кризата. Се договоривме соработката да продолжи, како во справување со предизвиците од пандемијата, така и во останатите сегменти, напиша Сали.
Тој посочува дека денешната средба е чекор напред кон натамошно унапредување на здравствениот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.