Во ковид – центрите во болниците во државава во моментот се лекуваат 512 пациенти. Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Според дневната евиденција на Министерството за здравство, како што се посочува, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од Ковид-19.

Модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.