Човековото тело постојано ни кажува што се случува во него… Така, без разлика дали тоа се бори со замор, случајни грчеви или недостиг на енергија – сѐ ова се симптоми на недостиг на минерали.

Минералите и витамините поттикнуваат разни метаболички функции што го подобруваат метаболизмот, делотворноста на телесната енергија, имунолошкиот систем, квалитетот на живот. Нутриционистката Кристен Ставридис од Лондон смета дека минералите се од витално значење и за спречувањето болести.

Минералите го поддржуваат здравиот метаболизам и го одржуваат нашето тело да функционира оптимално. Ни треба само мала количина од секој, а може да ги добиеме од храната што ја јадеме. Повеќето од нас се виновни што не секогаш ги консумираат сите групи на храна што ни се потребни, кои се преполни со витални витамини и минерали за кои имаме дневна потреба. Тоа значи дека многу често има недостиг на хранливи материи во исхраната на луѓето, појасни таа.

Симптоми на недостиг на железо, на пример, се пукање на аглите на усните, замор во мускулите, чешање на кожата, вртоглавица, главоболка, кршлива коса.

Недостиг на магнезиум, според стручњакот, може да се препознае ако има губење апетит, гадење, замор, слабост, несоница, дијареа. Уште еден важен минерал е цинкот, а неговиот недостиг се препознава по рапава кожа или дерматитис, одложено зараснување на рани или чиреви, нарушен вкус.

Кршливи нокти, несоница, грчеви во мускулите – се знаци дека на вашето тело му недостига калциум, нагласува Ставридис.

При недостиг на јод, пак, таа додава дека се појавуваат отоци кај вратот, проблеми со бременоста, опаѓање на косата, сува кожа, настинка итн. Недостигот на селен предизвикува неплодност, замор, тн. „заматување“ на свеста и други непријатни состојби.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.