Популарните диети како кето, постењето, детоксификацијата, не секогаш го носат ефектот кој го сакате. Напротив, може да бидат многу штетни за вашиот организам, предупредува доктор Саша Плечевиќ, попознат како доктор Филгуд, кој гостувајќи во Утринската емисија на ТВ Прва ги откри сите маани на овие диети.

Според него, автофагијта, кето диетата и детокс соковите, можат да бидат многу контрапродуктивни.

Автофагијата e диета која е доста популарна последниве години. Станува збор за вид на пост, кога внесувате храна само во одреден дел од денот, а потоа останатите часови се изгладнувате. Овој начин на исхрана, според Плечевиќ, доведува до зголемување на телесната тежина и метаболички нарушувања.

Недостатоците се што луѓето се прегладнуваат, не можат да издржат. Не е здраво да јадете само 4 часа, а да не јадете останатите 20 часа од денот. По одредено време метаболизмот се забавува, па и да јадете помалку, пак ќе се здебелите, вели тој.

Кетогената диета е исхрана со ниско ниво на јагленохидрати, а високо ниво на масти во исхраната, која може да биде многу контрапродуктивна.

Кај кето диетата се претерува во намалувањето на јаглехидратите, па затоа организмот мора да се снабдува со енергија од мастите, вели тој.

Предупредува дека големото количество на масти и протеини во телото не е здраво, а дека мастите лесно можат да доведат до дијабетес.

Мастите ги блокираат клетките, не дозволуваат шеќерот да влезе во клетката, вели тој.

Многу популарна метода на детоксикација станаа соковите за детоксикација, а д-р Филгуд тврди дека на овој начин организмот се доведува во дефицит и дека на тој начин ништо не му се обезбедува.

Сокот од четири исцедени портокали само поминува низ стомакот. Феноменално е ако сакате да добиете инсулинка или шеќерна болест, категоричен е тој.

Тој вели дека точно е дека детоксикација се постигнува со соковите од Бројс, но таа се спроведува кај пациенти на онкологија, на клиника во Швајцарија, под строго контролирани услови.

Ризиците од ацидоза се присутни со секој вишок на цедено овошје. Дури и водата со лимон нема никаква корист, тврди тој.

Тој истакнува дека најдобро е да се пие само обична вода.

„Волшебниот“ лек за слабеење е умереноста и физичката активност, заклучува докторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.