Сѐ почести се случаите на граѓани кои побарале медицинска помош, поради консумирање на расипана храна.

Лекарите апелираат – луѓето да внимаваат што и кофа јадат кога надвор температурите се високи.

Најризична храна според нив, е онаа која содржи висок процент на протеини.

„Таа изложена на сонце подолг временски период, од бактериите кои можда ги има во себе, тие да се размножат, да испуштат дел од своите отрови. И така внесената храна може сериозно да го поремети здравјето дури и да го загрозат животот.“

Чибишев советува храната да се јаде свежо приготвена и истата да се чува во фрижидер. Во време на брз живот и брза храна, тој препорачува да се избегнува меленото месо, јајцата, сосови со конзерванси и сладоледи.

Во ваков период, според него, најдобро е да се јаде овошје и зеленчук, но и при таквиот избор, треба голема внимателност.

И излегувањето во природа на вакви температури, објаснува Чибишев, може да заврши непријатно за граѓаните, поради можноста да се напијат бактериолошки неисправна вода.

„Сега е сезона на овошје и зеленчук, пазарите се преполни. Но и тогаш, терба многу добро да се мијат овошје и зеленчукот под силен млаз вода. Затоа што добро земјоделие нема без добра хемија.

Инаку, симптомите на труење од храна можат да варираат од лесни и умерени, па се до навистина тешки. Повраќање, главоболка, дијареа, стомачна болка, грчеви во стомакот се едни од најчестите симтпоми. Тие можат да се јават непосредно по јадењето или со часови подоцна. Можат да траат пак, од 24 часа, па сè до една недела.

Одредени бактерии во храната, како Листерија, можат да доведат и до спонтан аборус или менингитис кај некои поединци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.