Доколку и вие спаѓате во групата луѓе што сметаат дека житарките се еден од најздравите појадоци, се лажете!

Житарките за многумина се најчестиот избор за појадок, како поради тоа што се приготвуваат многу брзо така и поради општоприфатеното мислење дека се здрави. Меѓутоа, нутриционистите сметаат дека повеќето житарки се толку хранливи што, всушност, подобро да изедете парче пица.

Имено, тие истакнуваат дека едно просечно парче пица и порција житарки содржат речиси ист број калории, но додаваат дека пицата дури содржи и извесен број протеини, што подолго време ќе ве држат сити.

Нутриционистката Челси Ејмер додава и дека пицата содржи повеќе масти, а помалку шеќер од повеќето житарки кои може да се најдат во продавниците, па така пицата нема да ви предизвика ненадеен скок на шеќерот.

Секако, ова не значи дека секое утро треба да појадувате пица!

„Добрата работа во врска со пицата, во споредба со многу житарки што може да се најдат во продавниците, е тоа што таа содржи балансирана количина на протеини, масти и јаглехидрати. Житарките, од друга страна, генерално содржат премногу шеќер“, вели нутриционистот Сајмон Јуркив.

Сајмон препорачува да го започнете денот со оброк што содржи балансирана количина на здрави масти, влакна, сложени јаглехидрати и протеини. Таков пример е овесната каша, но ако додадете лажица путер од кикирики во неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.