Во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци

Кумулативната смртност од ковид, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.

„Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци“, рече Петличковски.

Тој и денеска потенцира дека вакцините се оние кои штитат од хоспитализација и смрт и дека тоа се најпроверливи и научни факти.

„Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити највеќе од хоспитализација и смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни – вакцинацијата со трета доза е најдобра  заштита“, рече Мехмедовиќ.

Тој потенцира дека ова е силна препорака до сите граѓани, особено помладите, додека кај повозрасните, оние над 70 години, одѕивот е добар.

Тој претходно, на прес-конференцијата, истакна дека епидемиолошката состојба во земјава е подобрена, но се уште не може да се каже и дека е добра. Посочи дека е зголемен бројот на нови случаи меѓу децата од  шест до 14 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.