Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени, добро би било да почнете да консумирате некои од овие природни пијалаци, што го забрзуваат варењето на храната и на тој начин ќе ви помогнат побрзо да добиете рамен стомак.

Кога варењето на храната ви е проблем, и имате опстипација (запек), па заради тоа се соочувате со подуеност, би можеле да пробате некој од овие 3 пијалаци за рамен стомак. Секој од нив ќе му помогне на вашиот организам полесно да ја свари храната, а особено ќе ви се најдат ако често имате проблем со затвор.

Имајте предвид дека не е добро сами на своја рака да земате одредени природни лекови. Затоа, пред да почнете со консумирање на некои од овие пијалаци добро би било да се консултирате и со лекар или нутриционист.

Млака вода и лимон

Мешавината од млака вода ќе ви помогне за детоксикација на организмот и ќе ви помогне полесно да се ослободите од штетните материи во телото.

Дополнително се препорачува и за лицата што имаат проблеми со кожата и кои сакаат да го зајакнат имунитетот.

За да го подготвите, потребно е да земете чаша млака вода и во неа да исцедите сок од цел лимон и тоа да го испиете.

Овој пијалак можете да го пиете наутро, наместо кафе, а може да се консумира и превентивно доколку често имате проблеми со варењето на храната и подуеност.

Маслиново масло и лимон

Освен што помага во варењето на храната, се верува дека комбинацијата од маслиново масло и лимон може да ви помогне и во разбивањето на камења во бубрезите, при болка во зглобовите или да го спречи стареењето.

За да го подготвите, во една чаша треба да ставите природен сок од лимон и во него да ставите една лажица маслиново масло.

За најдобар ефект, овој пијалак треба да се пие наутро или неколку часа по оброкот.

Сода бикарбона и млака вода

Сода бикарбоната и млаката вода уште во минатото често се користеле како лек за киселини во желудникот и за подобрување на варењето на храната.

Во овој случај, треба да се користи само фармацевтска сода бикарбона (без алуминиум), која ја има во аптеки или во продавници за здрава храна, а овој пијалак не се препорачува за оние што страдаат од чир на желудникот.

Исто така, според некои истражувања, прекумерното консумирање сода бикарбона може да доведе до пореметувања на работата на срцето, затоа пред да почнете да го консумирате овој пијалак, неопходно е да се консултирате со лекар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.