Од голема кашлица се заболени 34 лица во државата информираше новиот министер за здравство Илир Демири. Тој апелираше до родителите да ги вакцинираат децата, бидејќи вакцината е најголемо достигнување на здравствениот систем.
Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.
Тие родители што не си ги вакцинираат децата и не ги праќаат во градинка, прашајте ги нив како си го организираат чувањето на децата“, одговори Демири на новинарско прашање по Свечената академија за отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки.
Вакциналните пунктови во поликлиниките во Скопје работат во две смени, до 19:30 часот, а во сабота од 8 до 14 часот. Деновиве е зголемен бројот на деца кои се вакцинираат, па на пунктовите се чека по минимум еден час.
Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината, која се прима на 2, 4 и 6 месеци и ревакцина на 18 месеци и 7 години, се дека се вакцинирани 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.