Тим на лекари од Клиниката за гинекологија и акушерство на Универзитетската болница на Србија oперирале дваесет и две годишна девојка, која во критична состојба била пренесена од внатрешноста, јавува РТС. Туморот кој пораснал во пределот на јајниците притискал на други органи и предизвикувал тешко воспаление во абдоминалната празнина.
Се работело за девојка екстремно здебелена, тешка 140 килограми, со силни знаци на воспаление на стомакот и силни болки.
Операцијата траела три часа а хирурзите прво морале да пробијат повеќе од 10 литри вода од туморот, за на крајот и покрај големиот рез да го отстранат и цврстиот дел од туморот. чија почетна големина бил околу 70 сантиметри и вкупна тежина од 25 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.