Никол Ендруз е 38-годишна нутриционистка за онколошки пациенти која станала многу позната откако објавила 10 намирници кои се штетни по здравјето.

„Знам колку може да биде корисна и лековита храната, колку влијае врз резултатите од лекувањето и превенцијата на враќањето на болеста.

За жал, постојат толку дезинформации околу тоа што смеат луѓето да јадат, па се радувам што можам да ве информирам во ова видео и да ги решам забуните.“

Никол во видео на ТикТок открила список на намирници кои се многу штетни по здравјето…

1. Алкохол
„Не консумирам алкохол. Сите видови алкохол, вклучувајќи го и црното вино, го зголемуваат ризикот од шест различни карциноми. Тоа е така поради етанолот во алкохолот. Апсолутно секоја консумација на алкохол – која и да е – веднаш почнува да го зголемува ризикот од рак.“

2. Месни преработки
„Преработеното месо го зголемува ризикот од рак на дебелото црево при секоја консумација.“

3. Црвено месо
Според Никол, ова месо е генерално штетно.

4. Празни калории од засладени сокови и коктели
„Кога ќе излезам во ресторан, пијам само вода“, вели Никол.

5. Колбаси полнети со најмасното месо и внатрешни органи
6. Шеќери

7. Храна во прекумерна количина, генерално
„Црвеното месо нема да го зголеми ризикот од рак при самото консумирање, како што тоа го прават алкохолот и преработеното месо, но ќе го зголеми ризикот од колоректален рак ако секоја недела јадеме по 4 килограми од ова месо.

Обично се држам до една порција црвено месо неделно или едноставно не го јадам. Па така, кога јадам надвор или готвам дома, оброците ги приготвувам со пилешко, мисиркино месо, риба, морски плодови или разни видови растителни протеини, како соја.“

8. Претерана количина на кафе
Никол тврди дека две кафиња дневно нема да му наштетат на телото, но претераната количина на кафе во текот на денот ќе му наштети.

9. Бело брашно
„Јас сум девојка која јаде само интегрални намирници. Тие содржат повеќе влакна и хранливи материи.“

10. Млеко
Никол открила дека генерално одбегнува млечни производи.

@oncology.nutrition.rd Say goodbye to confusion and uncertainty. Join my 1:1 coaching program today, regain control over your diet, and get back to living your life to the fullest! 🌟🌟LINK IN BIO TO APPLY for 1:1 support TODAY!🌟🌟 #breastcancerjourney #lungcancerawareness #bravetheshave #lymphomaawareness  #livercancer #kidneycancer #prostatecancerawareness #radiationtherapy #hormonetherapy #sarcomaawareness #cancerresearchUK  #pancreaticcancer #lymphoma #ovariancancer #prostatecancer  #cancerfree#cancerwarrior#cancerfighter #oncology #breastcancersurvivor #cancerresearch #chemotherapy #chemo #cancerpatient#cancerawarenessmonth #oncologynurses#cancercure#cancernation #breastcancercare #cancermotivation ♬ original sound – Nichole | Oncology Dietitian



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.