Ако сте како повеќето, брзате наутро и појадувате нешто што може да се јаде во движење. Затоа, бананите се популарен избор, но според нутриционистот Дерил Џофре, тие треба да се избегнуваат наутро.
Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но набргу ќе бидете уморни и гладни, рекол тој за Бирд.
Така, иако бананите се полни со калиум и витамин Б6 и немаат холестерол и сол, тие нема да ја одржат нашата енергија во текот на денот. Џофре советува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како што се јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца.
Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии што откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќерот во крвта. На прво место треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку секој ден јадат банани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.