Најновите информации за пандемијата на вирусот ковид-19 покажуваат дека започнала во кинеска лабораторија.

Научниците пронајдоа траги од коронавирус кои би можеле да ја поддржат теоријата дека пандемијата започнала од лабораторија.

Откритието, од анализата на примероците од почвата, сугерира дека коронавирусот можеби природно не преминал од диви животни на луѓето.

Сепак, потребни се повеќе докази, особено во однос на точното време кога вирусот ги инфицирал примероците, пишува „Daily Mail“.

Научниците во Унгарија пронајдоа траги од единствена варијанта на коронавирусот додека испитува ДНК од почвата на Антарктикот испратена до „Sangon Biotech“ во Шангај.

Истражувачите пронајдоа и генетски материјал од кинески хрчаци и зелени мајмуни, што може да сугерира дека вирусот бил тестиран во лабораторија, користејќи ги или самите животни или нивните клетки.

Некои од оние кои ја поддржуваат теоријата за лабораториски протекување и сугерираат дека кинеските научници го конструирале вирусот во лабораторија за да го направат поопасен во експериментот, пред да им „избега“.

Сепак, наодите мора да се толкуваат со претпазливост, бидејќи ДНК на почвата можеби е контаминирана со вирусот од првите пациенти со ковид-19, што Кина го пријави во декември 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.