Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија.

Со ова, првпат во областа на урологија ќе се извршуваат лапароскопски интервенции во болницата и ќе нема потреба пациентите да се упатуваат во Скопје за овој тип интервенции. Лапароскопската и ендоскопската опрема е набавена од Министерството за здравство во вредност од 10.5 милиони денари. Со оваа инвестиција значително се унапредува специјалноста урологија во оваа болница, а воедно се проширува опсегот на здравствени услуги кои се обезбедуваат во установата, изјави Меџити.

Изминатиот период за установата беше набавен и подвижен рентген апарат со C-рака со дигитален детектор во вкупна вредност од 7.7 милиони денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.