Европската агенција за лекови објави дека се надева дека вакцините, приспособени на одредени варијанти на коронавирусот, како што е омикрон, ќе бидат одобрени до септември.
„Наш приоритет е да обезбедиме приспособените вакцини да бидат потенцијално одобрени најдоцна до септември за да бидат подготвени за нови кампањи за имунизација на ЕУ наесен“, рече Марко Кавалери, раководител на секторот за биолошки здравствени закани и стратегии со вакцини при Европската агенција за лекови (ЕМА).
„Ова ќе им овозможи на производителите соодветно да ги приспособат нивните производни линии“.
Вакцините базирани на mRNA произведени од Фајзер и Модерна поминаа долг пат, а клиничките испитувања се во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.