60-годишен Германец, наводно, бил вакциниран против коронавирус 90 пати за да продава фалсификувани сертификати за вакцинација против Ковид со вистински сериски броеви на луѓе кои не сакаат да се вакцинираат.

Мажот бил вакциниран во центрите за вакцинација во источната сојузна покраина Саксонија додека измамата не ја забележала полицијата, јавува агенцијата ДПА.

Осомничениот не е приведен, но е под истрага за неовластено издавање на потврди за вакцинација и фалсификување исправи, а бил фатен кога втор ден по ред се појавил во центарот за вакцинација.

Нема информации за влијанието на околу 90 дози вакцини против коронавирус, кои биле од различни производители, врз личното здравје на една личност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.