Ултра-процесираната храна (Ultra-processed foods – UPF), треба да се продава со предупредувања во истиот стил како оние на тутунот, но и да подлежи на потешко оданочување поради влијанието врз здравјето и смртноста, смета професорот Карлос Монтеиро од Универзитетот во Сао Паоло.
Овие намирници ја поттикнуваат пандемијата на дебелина и други хронични болести поврзани со исхраната, како што е дијабетесот, вели тој.
Острото предупредување доаѓа во услови на брзо растечка глобална потрошувачка на УПФ, како што се житарици, протеински барови, газирани пијалаци, готови оброци и брза храна.
Ултра преработената храна е директно поврзана со 32 штетни ефекти по здравјето, вклучително и поголем ризик од срцеви заболувања, рак, дијабетес тип 2, лошо ментално здравје и рана смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.