На Клиниката за детски болести во Скопје успешно е излекувано девојче кое девет месеци се лекувало од акутна леукемија.

Ни беше драго што лекувањето за девојчето заврши без никакви последици и што таа можеше да го чукне ѕвончето. Тоа значи дека среќата кај децата мораме да ја поддржуваме и почитуваме, а оттука почнува и среќата на возрасните, рече денеска директорката на Клиника д-р Софијанова.

На Клиниката за детски болести наскоро се планира да се отвори и нов оддел за онкологија, најави министерот за здравство Беким Сали кој беше во оваа клиника.

Онколошкиот центар на клиниката за педијатрија е еден од поуспешните во регионот, рече Сали.

Наредните месеци новиот регионален онколошки центар ќе биде ставен во употреба со капацитет од 25 до 30 деца.

Моментално на клиниката има околу 20 деца со леукемија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.