На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип.
Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“.
Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кон крајот на февруари и почеток на март.
Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.