На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна. Информацијата за МИА ја потврдија од двете јавни установи.
Деца кои учат во ова училиште во скопската општина Аеродром, се пожалиле на стомачни тегоби со дијареа и повраќање.
Директорот на училиштето Александар Филипчев попладнево изјави дека од 360 ученици кои добиваат храна во целодневна настава, околу 140 се со исти или слични симптоми.
Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк, појасни Филипчев во изјава за медиуми.
Случајот, како што изјави, е пријавен до сите надлежни институции и извршен е вонреден инспекциски надзор.
Ќе постапиме согласно законската регулатива, подвлече тој.
Од Институтот за јавно здравје засега нема информација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.