Состојбата наречена „мозочна магла“ поврзана со продолжен Ковид е споредлива со остарувањето за 10 години, посочува ново истражување на Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија.
Испитувајќи го влијанието на Ковид-19 врз помнењето, истражувачите откриле дека мозочните оштетувања се најголеми кај луѓето кои биле позитивни и имале симптоми повеќе од три месеци. Научниот труд објавен во „Лансет“, исто така, открива дека симптомите кај заболените лица биле продолжени речиси две години по првичната зараза.
Останува фактот дека две години по првото заразување, некои луѓе не се чувствуваат целосно закрепнати и нивните животи сè уште се под влијание на долгорочните влијанија на коронавирусот, рече Клер Стивс, професорка на Кралскиот колеџ.
Според неа, треба да се работи повеќе за да се осознаат причините поради коишто тоа се случува и што може да се направи за помош.
Поимот „мозочна магла“ се користи за опис на чувството на ментална бавност, зашеметеност, невнимание, недостаток на присуство, збунетост, расеаност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.