Министерството за здравство ќе набави 22 амбулатни возила за потребите на јавните здравстени установи, бидејќи возилата кои се на располагање се застерени, дотраени, со помината поголема километража од дозволениот максимум и амортизирани.

Возилата ќе бидат со надоградена медицинска опрема.

Со набавката на возилата и современата опрема со која ќе бидат опремени амбулантните возила ќе се овозможи преземање на стручни медицински интервенции за стабилизирање на состојбата на пациентот, и отпочнување и со иницијално лечење во зависност од видот на повредата и болеста поради која и е индициран повикот. Новите амбулантни возила ќе бидат опремени со надоградена медицинска опрема, вели министерот за здравство Фатмир Меџити.

Постапката за јавна набавка на 22 амбулантни возила со надоградена медицинска опрема е објавена на Електронскиот систем за јавни набавки на 05.12.2023 година, со оглас број 21959/2023. Во моментот постапката е во фаза на доставување на понуди на економските оператори, а рокот за доставување истекува на 05.01.2024 година.

Министерството изготви и до Владата достави Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила. Овие возила ќе имаат надоградена медицинска опрема за потребите на установите во државата, врз основа на која Владата даде согласност за набавка на 22 амбулантни возила со надградена медицинска опрема, согласно Извадок од Нацрт-записникот од 180-та владина седница одржана на 22 август 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.