Ставот на Министерството за здравство е позитивен кон приватните специјализанти,но решение ќе има после изборите, се вели во соопштението од МЗ.
Приватните специјализанти почнаа штрајк со цел да им се обезбедат неколку барања.
Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус.
На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.
Во однос на двете барања на приватните специјализанти, Министерството за здравство Ве известува дека дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10% од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок.
Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надоместок, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување, се вели во соопштението од МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.