Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје.

Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. Секој граѓанин може да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе добие СМС порака со ден, време и точно место каде може да дојде да се вакцинира против сезонски грип.

Ги повикуваме заинтересираните граѓани да се пријават за вакцинација, вакцините се безбедни и ефикасни. Годинава Министерството за здравство обезбеди 60.000 вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани и здравствените работници. Вакцините за нив се бесплатни. Дополнително центрите за јавно здравје обезбедуваат вакцини за комерцијална употреба, велат од Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.