Луѓето кои редовно носат очила имаат умерено помал ризик од инфекција со Ковид-19, додека контактните леќи немаат дополнителна заштита, покажува големо истражување кое ја нагласува важноста на окото како пат за инфекција со корона вирусот.
Повеќе од 19.000 испитаници на студијата „Virus Watch“ во Англија и Велс одговориле на прашалник за употреба на очила и контактни леќи.
Почнувајќи од јуни 2020 година, испитаниците неделно го пријавуваа својот статус на Ковид-19, а повеќе од 11.000 од нив давале месечни примероци крв за да утврдат дали се заразени со корона вирусот.
15% помал ризик од инфекција кај оние кои постојано носат очила
Откако ги разгледале другите фактори на ризик, истражувачите откриле дека има 15 отсто помал ризик од инфекција кај оние кои рекле дека секогаш носат очила за општа употреба во споредба со оние кои никогаш не носеле очила.
Заштитниот ефект бил намален кај оние кои рекле дека нивните очила го попречуваат носењето маски и не е забележан заштитен ефект кај луѓето кои носат контактни леќи, се вели во извештајот објавен во во „medRxiva“.
Очилата треба да се земат предвид како дел од пошироките стратегии за спречување на пренос на инфекција во заедницата и ова може да биде вредно да се земе предвид во случај на идни пандемии и во занимања со висока изложеност, вклучително и здравствената заштита – велат научниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.