Светски ден на борба против ракот.Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија.Акцелераторот во ГОБ “8 Септември” иако промовиран најмалку 10 пати не е ставен во функција.Нема термини за КТ и МР со цел навремена дијагностика и третман, а за резултати се чека и по неколку недели, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Нема термини за пет скен, има листа на чекање за зрачење на пациенти кои чекаат со месеци.Неколку месеци пациентите со малигни заболувања чекаат за да им се изврши интервенција.

Термини за мамографија исто така нема или се чека со месеци.

Намалени се средствата од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2 милиони денари наместо да се зголеми сумата за оваа намена.

Со ова се намалува опфатот на жени кои ќе бидат опфатени со скринингот на рак на грло на матка и дојка, чија цел е што порано откривање зашто тоа може да спаси живот.

Нула грижа за пациентите со малигни заболувања – ова е генералниот впечаток од приложените “реформи” на оваа власт кои се на штета на пациентите.

За овој пристап кон пациентите со малигни заболувања некој мора да сноси #одговорност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со здруженијата на пациенти и експерти од соодветните области веднаш ќе донесе сет мерки со цел решенија за овие предизвици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.