Лекарите не се чувствуваат безбедно зашто сите имаат пациенти кои се зависници, психички нестабилни, со анксиозноно депресивни состојби, биполарни растројства,…, оцени денеска претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова.

Таа потсети дека од 12 до 16 часот, приватните лекари нема да работат со пациенти, во знак на почит кон убиениот колега А. Т., матичен лекар од поликлиниката „Железара“ од Скопје.

Лекарите бараат услови за безбедно работење и, како што напомена Чолакова-Дервишова, построги казни за напад на здравствените работници.

Матичните лекари денес нема да работат од 12 до 16 часот за да го подигнеме гласот, да разговараме за нови закони кои би значеле појака заштита на здравствениот кадар каде казните би биле поригорозни, сѐ со единствена цел, да се чувствува безбедно здравствениот персонал. Луѓето кои работат во примарното здравство се столбот на овој здравствен систем, тие лекуваат и спасуваат човечки животи. На ваков начин не треба нити еден пациент не треба да биде незадовелен. Ние не ја знаеме причината, но во кругот на здравствен дом е убиен докторот, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува, изјави Чолакова-Дервишова по потпишувањето на Декларацијата за промоција и поддршка на вакцинацијата во Лекраската комора.

Според неа, пациентите имаат разбирање и почит за целата ситуација, ги поддржуваат.

Ова не е дека ние не работиме или не сакаме да работиме, но навистина, само да стои на закон дека сме службени лица, гледаме дека тоа не врши никаква функција. За секој здравствен работник од примарното, секундарното и терциерното здравство ваков чин не треба да се повтори, нагласи Чолакова-Дервишова.

Телото на лекарот А. Т. беше пронајдено на 21 март, во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поранешната клиника „Железара“ околу 23 часот од синот. На телото биле уочени видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистувње на убиството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.