Министерот за здравство доктор Арбен Таравари на Фејсбук информира дека Лазим Дестани донирал еден милион евра за Општата болница во Тетово.

Ме трогна овој дарежлив гест на Лазим Дестани кој штотуку донираше 1 милион евра за болницата во Тетово. Лазим е пример за добар човек, напиша Таравари.

Инаку, Дестани важи за најбогат Албанец во светот. Тој живее во Тетово, а неговото богатство се проценува на над 3 милијарди долари, пишуваат албанските медиуми.

Тој е сопственик на компанијата „Еколог Интернационал“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.