Кумановската болница која е една од најголемите во државава со повеќе од 700 вработени, доби нова директорка. Смената на директорската позиција во болницата се случи поради истекот на мандатот на д-р Снежана Захариева, на чие место доаѓа д-р Биљана Ивановска. Ивановска е магистер, вработена во здравствената установа како психолог на психијатрискиот оддел. Таа е член и на Комората на психолози и лиценциран психолог.
Ивановска нагласи дека ќе се залага за соодветна и квалитетна здравствена грижа за пациентите од Куманово и општините од североистокот, за набавка на нова опрема, вложување во лекарите и останатиот персонал во нивна доедукација.
Отворена сум за соработка со пациентите, за нивните евентуални забелешки, критики и сугестии за подобрување на функционирањето на установата, изјави Ивановска.
Општата болница во Мунаово обезбедува здравствена помош на пациентите од североисточниот дел од Македонија, кој брои приближно 180 000 жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.