За витаминот Д се пишуваше многу, особено за неговата важност кога станува збор за имунитетот и способноста на организмот да се одбрани од штетните влијанија и нападите на разни микроорганизми. Во отсуство на сонце особено во зимскиот период кога сè помалку го има, принудени сме овој важен витамин да го консумираме во вид на додаток на исхрана-суплемент. Но, колку долго смее да се употребува?

Витаминот Д многумина го препорачуваат против кoвид, а имунологот Д-р Борислав Каменов објасни колку долго смееме да го пиеме овој витамин. Според него за јакнење на имунитетот важно е секојдневно да се внесуваат витамините Ц и Д, како и цинк и селен.

Имунитетот се гради цел живот. Дури, тој се гради и пред раѓање, за време во мајчината утроба… за да се подигне витаминот Д во организмот, потребно е доста време – рече д-р Каменов. Витаминот Д не се внесува само преку храната, туку и преку сонцето. Кога го нема доволно, ние сме во еден голем дефицит – напомена тој.

Витаминот Д може да се пие во текот на цела зима и не можеме да се предозираме со него – вели д-р Каменов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.