Желбата за слатки често се поврзува со потребата за „утеха“ и подобро расположение… Но, тој „ефект“ не трае долго, па затоа е подобро да го замениме вишокот јагленохидрати со здрава доза протеини, советуваат стручњаците.
Според науката, јагленохидратите влијаат на „хормоните на среќата“ – ендорфин и допамин, но само кусо време. Енергијата што ја даваат слатките, бргу се троши и предизвикува нова желба за уште повеќе таква храна, за што поскоро „да ни го врати доброто расположение“. И, тој своевиден „магичен круг“ најчесто води само до зголемување на телесната тежина.
Постојат намирници што може да го прекинат тој „круг“ – производите со протеини. Тие помагаат да се урамнотежи нивото на шеќер во крвта и да се намали желбата за шеќер и јаглехидрати.
Тоа значи: Повеќе месо, риба, јаткасти плодови, семки, авокадо, природен јогурт, јајца и путер од семки, советува нутриционистката Лили Саутер.
Исто така, и лажичка цимет дневно ќе ја намали желбата за јагленохидрати. Тоа го намалува „напливот“ на инсулин после оброкот којшто води кон желба за благо. Додадете малку цимет во храната или чајот, истакнуваат стручњаците.
Следниот совет гласи: Спијте доволно. Ако на телото му недостасува сон, тоа ќе бара дополнителни калории во текот на денот, заради повеќе енергија. Истражувањата покажуваат дека, ако човек не спие доволно, дневно внесува и до 400 калории повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.