Во Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2023 година е ракот на дојка, покажува најновиот извештај на Институт за јавно здравје, објавен по повод одбележвуањето на Октомври – Месец против рак на дојката.
Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100000 жени, се вели во извештајот.
Ракот на дојка е на прво место во бројот на новорегистрирани случаи од малигни неоплазми кај жените во Македонија во периодот 2017-2021 година.
Во 2017 година биле регистрирани 808 новозаболени жени од рак на дојка со стапка на инциденца 78.03/100000 жени, во 2019 година 778 со стапка на инциденца 75.13/100000 жени, а во 2021 година 806 со стапка на инциденца 87.08/100000 жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.