Истражувањето на Уиверзитетот во Индијана, каде биле анализирани повеќе од 270.000 бремени жени меѓу 2004 и 2009 година, ја покажало врската меѓу периодот на зачнувањето и здравјето на новороденчињата.
Бебињата кои се зачнати во декември се многу поздрави од останатите, стои во соопштението на Универзитетот.
Бебињата зачнати во јуни, пак, се најподложни на разни болести.
Изгледа дека витаминот Д е од голема важност за здравјето на доенчињата. Резултатите покажаа и дека бебињата кои се родени во лето се поиздржливи од оние кои се родени во зима, изјави Пол Винчестер, професорот кој го водеше истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.