Двојно е зголемен бројот на заболени со Ковид-19 во јуни, споредбено со мај. Потврдени се 25 случаи – покажа извештајот на Институтот за јавно здравје .

Докторот по општа медицина за МТВ вели дека бројките се очекувано од причина што летниот период придонесе за поголема раздвиженост на граѓаните. Според него најчесто во ординациите доаѓаат пациенти со респираторни инфекции и стомачни вируси, а тоа се симптоми карактеристични и за ковид-19. Но, ретко кој се тестира, лекарите патологијата ја третираат согласно со симптомите. Во летните одморалишта се очекува пораст на заболени.

Како за ковидот така и за останатите вируси дали се гастроинтестинални тегоби или се респираторни промени, бројките најмногу ќе растат во тие летувалишта вклучително Охрид, Дојран, ќе гледаме промени и кај луѓето што доаѓаат од Грција, како најпосетувана земја на Балканот. Апел до луѓето да немаат панични напади, посмирено да реагираат и третирањето да биде како и досега, да бидат повнимателно во дружењето помеѓу луѓето“, изјави д-р Бојан Трајковски – доктор по општа медицина.

Од заболените во јуни, повеќе од половина се пријавени од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Охрид . Заразени со ковид-19 има од сите возрасти.

Иако е зголемен бројот на заболени од Ковид – 19, во текот на минатиот месец не се пријавени починати лица од коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.