Во штипскиот регион од октомври 2023 година до денеска се регистрирани околу 300 клинички пријавени случаи, слични на грип, изјави денеска за МИА, епидемиологот, Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје-Штип.

Најмногу случаи се регистрирани од почетокот на јануари до денеска и оваа бројка изнесува 195 случаи. Таа посочи дека околу 70 проценти од пациентите се од детската популација, односно од 0 до 14 години.

Имаме и неколку случаи на грип, кои се лабарториски потврдени и станува збор за инфлуенца тип А, вели Живкова.

Таа посочи дека по апелот на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски деновиве имаат повторно заинтересираност кај пациенти за вакцинација против грип. Дневно по околу пет пациенти од ризични групи, пред се од повозрасната популација со хронични заболувања им доаѓаат во пунктот, за да се имунизираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.