Маж (53) од Германија е петтиот пациент во светот излечен од ХИВ вирусот, по трансплантацијата на матични клетки во 2014 година, објавено е вчера во магазинот „Nature Medicine“.

Научниците велат дека тој е петтиот човек кој официјално е излекуван од вирусот кој погодува повеќе од 30 милиони луѓе во светот, објави „Форбс“.

Човекот, кој го нарекуваат „пациент од Дизелдорф“, повеќе нема траги од ХИВ во крвта, додаваат истражувачите и тој престанал да го зема лекот во 2019 година.

Лекарот Бјерн-Ерик Оле Јенсен, кој го лекувал пациентот, рече дека тој сè уште немал траги од ХИВ во 2019 година.

Џенсен рече дека вирусот е „навистина излекуван“ и не е во „долгорочна ремисија“, за време на интервју за ABC News.

Повеќе од 40 милиони луѓе починале од СИДА

Од почетокот на епидемијата во раните осумдесетти, повеќе од 40 милиони луѓе умреле од СИДА.

Првиот човек кој официјално беше излечен од ХИВ во светот беше Тимоти Реј Браун, кого истражувачите го нарекоа „Берлински пациент“ во изјава објавена во 2009 година.

Останатите тројца пациенти се „Лондонски пациент“, „Градот на надежта“ и „Њујорк“ и сите се излекувани во 2022 година.

Сите четворица биле подложени на ист третман – трансплантација на матични клетки, која е процедура со висок ризик, наречена и трансплантација на коскена срцевина, а е една од методите за лекување на различни форми на леукемија.

На примателите им биле дадени матични клетки кои стекнале отпорност на вирусот ХИВ преку мутација која го брише протеинот што вирусот вообичаено го користи за да влезе во клетките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.