Владата одлучи за целосно покривање на лекувањето на Леоинд Индов во Македонија. Фондот за здравствено осигурување ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов во Македонија, кое ќе се врши во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопштија оттаму денеска.

Додаваат дека во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведи каде е тоа. Минатата недела Владата побара тоа да се смени. ФЗО врз основа на препораките од Австрија и „8-ми Септември“, ќе одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман.

ФЗО е сервис на граѓаните, на сите оние кои имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали можноста од неправилности и злоупотреби. За тоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните, изјавија од менаџментот на Фондот за здравствено осигурување.

Поради постоечка недоверба во институциите многумина на кои им е потребно лекување во странство, се одлучуваат за собирање на донации, без воопшто да се обратат до здравствените установи и Фондот за здравствено осигурување. Затоа се повикуваат сите граѓани прво да се обратат во здравствените институции и Фондот, додаваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.