Денеска се одбележува Светскиот ден на среќата. Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот, освојувајќи ја титулата седма година по ред, покажува Извештајот на Организацијата на Обединетите нации.
Македонија е на 84-то место, но младите под 30 години во земјава се малку посреќни и се наоѓаат на 67-то место. Во споредба со лани, имаме подобрување за три места.
Од земјите од регионот, посреќни се Словенија која е на 21. место, Косово (29 место), Србија (37 место), Хрватска (63), Грција (64), БиХ (65 место), Црна Гора на 76 место, Бугарија на 81 место, а Албанија е на 87. место.
Индексот ги мери субјективните чувства на граѓаните, преку визуелната „Скала на Кантрил“, прашање за тоа колку тие се чувствуваат среќни и зошто. Секоја година, луѓето низ светот за потребите на оваа анкета одговараат на прашањето каде тие лично сметаат дека се наоѓаат, според моменталната ситуација во животот на скала од 0 до 10.
Финска остана на првото место – со просечна оценка од 7,7 – следена од Данска, Исланд и Шведска. Најголем пад е забележан во Авганистан, Либан и Јордан. Авганистан, кој е зафатен од хуманитарна катастрофа откако Талибанците се вратија на власт е на последното место од 143 земји.
Извештајот „Среќата во светот“ што ОН го објавува на 20 март – Меѓународен ден на среќата, се објавува 11 година по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.