За прв пат во историјата на неврохирургијата во нашата држава, направена е awake brain surgery. Операцијата е направена кај млада пациентка која имаше тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога.

„Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата.

За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен“, објави хирургот Венко Филипче.

Кај младата пациентка операцијата поминала одлично, според докторскиот тим. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката сега се чувствувала добро.

Тимот анестезиолози бил предводен од д-р Весна Дурнев со помош на д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.