Американскиот епидемиолог и експертка од Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, Марија Ван Керхове, истакна дека варијантата Омикрон не значи лесна форма на болест.
Во видео клипот објавен на нејзиниот налог на Твитер, Керхове рече дека појавата на Омикрон што циркулира нашироко и кој многу ефикасно се пренесува меѓу луѓето е она што предизвикува нагло зголемување на случаите на коронавирус во светот. Таа истакна дека омикрон брзо ја надминува варијантата делта во однос на циркулацијата.
Керхове нагласи дека една од работите што треба да се нотира е бројот на случаи кои се навистина се пријавени, односно укажа дека бројот на заразени веројатно е значително поголем бидејќи на многу места во светот има недостиг од тестови, контрола и следење на заразените лица. Исто така има голем број кои се тестирале со домашни тестови, а потоа позитивниот резултат не е пријавен.
Она на што предупредуваме е дека и покрај тоа што имаме некои информации дека Омикрон предизвикува помалку тешка форма на болест од Делта, тоа не е лесна болест и ова е навистина важно бидејќи и на луѓе заразени со омикрон им е потребна хоспитализација.
Значи, сфатете го ова сериозно. Наративот дека е како обична настинка не е точен, наративот дека предизвикува само блага форма не е вистинит, и затоа мораме навистина да се бориме против тоа, додаде таа.
Што се однесува на наводната нова варијанта „делтакрон“, Керхове повтори дека хибридот на варијантите делта и омикрон веројатно се случил како резултат на лабораториска грешка.
Да не користиме зборови како „делтакрон“, „флуронa“ или „флурон“. Ве молам. Овие зборови укажуваат на идејата за комбинација на вируси / варијанти, а тоа не се случува. Делтакрон веројатно е резултат на контаминација за време на секвенционирањето. SARS-CoV-2 продолжува да се развива, напиша таа на Твитер.
Во меѓувреме, експертите на Светската здравствена организација предупредија дека администрирањето на засилувачките дози од оригиналните вакцини против Ковид не е остварлива стратегија против новите варијанти и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од трансмисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.