Три нови случаi на болеста голема кашлица се регистрирани во земјава во периодот од 1 до 7 ноември, објави Институт за јавно здравје.

Пријавени се два случаја во Скопје и еден од Кратово.

Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус, велат од ИЈЗ и додаваат дека двајца се хоспитализирани.

Во 2024 година се регистрирани 1.154 лица, заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболени лица се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ Македонија.

Од вкупниот број на регистрирани случаи (1.154), 731 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.