Двајца пациенти, кои биле оставени на транспортни колички, во чекалница на ургентниот центар на Клиничката болница „Свети дух“ во Загреб, починале, пишува хрватскиот портал „Индекс“.
Двајцата пациенти биле примени во итната медицинска помош и биле ставени во лежечки транспортни колички и оставени во чекалницата, бидејќи креветите во Ургентниот центар биле полни. Едниот пациент, кој бил оставен во чекалницата, утрото бил пронајден мртов од страна на членовите на семејството.
По неколу дека, вториот пациент откако му била укажана лекарска помош, бил оставен да чека да му се најде кревет. Вработените во медицинскиот транспорт го пронашле пациентот мртов. Во двата случаи смртта на пациентите најпрво ја забележале надворешни лица, односно семејството на починатиот и вработените во медицинскиот транспорт, а дури потоа персоналот во болницата.
Од болницата првиот случај велат дека „пациентот бил во стабилна општа состојба, имал задоволителни витални параметри и не барал континуирано следење на апаратот, но бил под надзор на дежурни медицински сестри и лекари кои го посетиле, што е видно од медицинската евиденција“.
Што се однесува до вториот пациент, наведуваат дека бил донесен со брза помош поради болки во пределот на мочниот меур и задржување на урина.
Од почетокот на годинава, во Ургентниот центар жал починале вкупно 26 пациенти, 14 во јануари, 8 во февруари и 4 во март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.