Новото истражување објавено во магазинот „Природа“ укажува на опасностите што дури и блага инфекција со коронавирусот може да ни ги донесе и една година по инфекцијата.
Студијата открива дека ефектот на вирусот може да биде катастрофален многу месеци по првичната инфекција, пренесува „Експрес“.
Станува збор за ризик од кардиоваскуларни проблеми по Ковид-19.
Написот во списанието цитира студија објавена претходно оваа година во која се користени записи од американското Министерство за ветерани за да се процени колку често Ковид-19 доведува до кардиоваскуларни проблеми.
Тие откриле дека луѓето кои биле заразени со коронавирусот се соочуваат со 20 отсто поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми, вклучително и потенцијално опасни проблеми како што се срцев удар и мозочен удар.
Анализата на д-р Зијад Ал-Али, епидемиолог на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, и неговите колеги е еден од најсеопфатните напори да се карактеризира што се случува со срцето и кардиоваскуларниот систем по акутната фаза на Ковид-19.
Истражувачите споредија повеќе од 150.000 случаи кои закрепнаа од Ковид-19 со нивните неинфицирани врсници, како и со контролната група пред пандемијата.
Луѓето кои биле примени на интензивна нега со акутни инфекции имале драматично поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми во текот на следната година.
За некои состојби, како што се отекување на срцето и згрутчување на крвта во белите дробови, ризикот се зголемил за најмалку 20 проценти во споредба со оние кои немале КОВИД-19.
Но, дури и луѓето кои не биле хоспитализирани имале зголемен ризик од многу состојби, почнувајќи од осум проценти зголемена стапка на срцев удар до 247 проценти зголемена стапка на воспаление на срцето.
За д-р Ал-Али, студијата обезбеди и повеќе докази дека Ковид може трајно да го промени здравјето на некои луѓе.
– Истражувањата покажуваат дека коронавирусот е поврзан со широк спектар на постојани проблеми, како што се дијабетес, трајно оштетување на белите дробови, па дури и оштетување на мозокот, пишува магазинот „Nature“.
Како и со овие состојби, д-р Ал-Али рече дека кардиоваскуларните проблеми што се јавуваат по инфекцијата со новиот коронавирус може да го намалат квалитетот на животот на една личност на долг рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.