Денеска во амбасадата на Јапонија во Скопје, амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори потпиша нов грант во износ од 79.286 евра, со кој ќе се финансира реновирањето на одделот за брахитерапија и радиотерапија на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Проектот има цел да го зголеми квалитетот на услугите на одделот и да допринесе кон олеснување на борбата на пациентите со онколошките заболувања. Токму поради тоа, свеченото потпишување се одржа денес, на 4ти февруари, кога се одбележува и Светскиот ден за борба против ракот, оваа година под слоганот „Надминување на недостатоците во негата“.
Амбасадорот Савада истакна дека Јапонија, како искрен пријател на Македонија секогаш сака да придонесе кон надминување на недостатоците во негата и овозможување еднаков третман на сите пациенти.
Преку грант програмата за мали проекти GGP Јапонија има реновирано и обезбедено опрема за преку 57 јавни здравствени институции, 70 училишта и градинки, како и 31 специјализирано возило за управување со отпад за 49 македонски општини.
Јапонија ја поддржува. Македонија во различни сектори, континуирано во инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 422.3 милиони евра како и друга нефинасиска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.