Под мотото „Заедно против ракот на дојка“ во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка.
На предвањето се обрати претседателот на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Игор Николов, кој сподели свое лично искуство со болен од рак на дојка во својата фамилијата и предизвиците со кои се соочува цела фамилија.
д-р Николов се осврна на активностите кои се реализираат на ова поле.
-Заедно со директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски во Букурешт потпишавме декларација за подигнување на свесноста кај ова заболување и важноста од зајакнат скрининг, посочи проф.д-р Николов.
Тој исто така информираше дека активно се работи на децентрализирање во оваа област преку регионални центри. Д-р Николов упати порака за важноста за прегледот и самопрегледот, зашто навремената детекција на ова заболување може да спаси живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.