Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија препорачува кои растенија ќе ви помогнат да го прочистите воздухот во вашиот дом. Ова е првото:

DRACAENA TRIFASCIATA кај нас позната и под имињата “ЗМИСКО РАСТЕНИЕ” “СВЕКРВИН ЈАЗИК” е класифицирани од NASA, како моќен прочистувач на воздухот, поради неговата моќ да отстранува отровни компоненти од воздухот како бензен, формалдехид, трихлоретилен, ксилен и толуен.
Ова растение го користи метаболизмот на Crassulacee за измена на кислородот и јаглерод диоксидот.
Микроскопските пори на листовите се отвараат само ноќно време за да се намали загубата на вода во текот на топлите денови.
За разлика од другите растенија произведува голема количина на кислород и го апсорбира јаглерод диоксидот и во текот на ноќта, што го прави ова растение одличен прочистувач на воздухот во нашите домови додека спиеме.
Треба да се чува на светло место (но не на директна сончева светлина), а се полева на секои две недели, препорачува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.