Некои овошја се богати со хранливи материи кои промовираат слабеење и можат да помогнат да се ослободите од насобраните килограми.

Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се богати со важни хранливи материи и треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, а со тоа се согласуваат и нутриционистите. Луѓето кои се на диета често го избегнуваат овошјето затоа што содржи шеќер, но добрата вест е дека постојат некои видови на овошје кои всушност можат да помогнат при губење на тежината.

Од боровинки до јагоди, во продолжение ви откриваме четири типа овошје што треба што почесто да ги има во нашата чинија бидејќи се извор на одлични хранливи материи и истовремено спречуваат дебелеење.

Боровинки

Научниците открија дека боровинките се одличен извор на антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат зголемување на телесната тежина. Не е целосно разбрано како точно флавоноидите спречуваат зголемување на телесната тежина, но консумирањето храна богата со флавоноиди ни помага да се чувствуваме посити и да избегнуваме друга помалку здрава храна која може да доведе до зголемување на телесната тежина, истакнаа експертите. Како што откри д-р Кери Петерсон, боровинките се богати со растителни влакна, па затоа се многу заситувачки и се меѓу најздравите овошја за јадење, па дефинитивно треба да ги вклучиме во исхраната.

Јаболка

Добро позната поговорка вели: „Со едно јаболко на ден си подалеку од посета на лекар“. Покрај доброто здравје, дополнителен бонус е тоа што јаболкото може да ни помогне и да останеме фит. Јаболката се богати со флавоноидни полимери, а исто така се преполни со влакна, што ги прави едно од најздравите плодови за слабеење. Најдобро е да ги јадете нелупени бидејќи лушпата содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Тие помагаат и во контрола на шеќерот во крвта, што ја намалува желбата за храна и прејадување и ризикот од развој на дијабетес.

Круши

Крушите исто така можат да спречат зголемување на телесната тежина бидејќи се богати со флавоноидни полимери и влакна. Овошјето кое содржи влакна е одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната не заситуваат и создаваат чувство на ситост.

Јагоди

Јагодите помагаат во одржување на тежината од истата причина како и боровинките: тие се богати со антиоксиданси. Експертите препорачуваат една шолја јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со јогурт со малку маснотии или овесна каша.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.